
Непречено се одвива процесот на имунизација во Кочани. Речиси 2000 граѓани се пријавени преку мој термин за вакцинација против сеознски грип, и ова е бројка која за сега е задоволителна, велат од кочанскиот центар за јавно здравје. Очекуваат оваа година бројот на граѓани кои ќе одлучат да се вакцинираат да биде зголемен со што ќе се зголеми и борбата против сезонскиот грип.
„Имунизацијата тече непречено, до сега имаме пријавено околу 1900 лица кои би сакале да се вакцинираат од оние групи кои се покриени од страна на Министерството. Во овој регион се покриваат Чешиново Облешево, Зрновци и Кочани, а центарот за јавно здравје работи на регион од 120 илјади жители. Оваа година очекуваме дека ќе имаме над 5500 аплицирање за вакцини.“ – вели Серафимов.
Освен бесплатните вакцини за неколку категории граѓани, набавени се и комерцијални вакцини за сите останати кои чинат 700 денари. Граѓните од општините Кочани, Чешиново-Облешево и Зрновци може да се приојавват и да се вакционитраат со што би се заштитиле од сезонскиот грип периодот кој следи.
„Центарот за јавно здравје Кочани има обезбедено и комерцијални вакцини по цена од 700 денари за лица кои сметаат дека оваа имунизација ќе им биде потребна. Што се однесува до целиот регион можеме да аплицираме за поголема бројка, а тоа е борба со грипот. Секоја година овие бројки растат и сметам дека со ова ќе се зголеми борбата против сезонскиот грип.“ – додава Серафимов.
Серафимов ги повика граѓаните да се пријавуваат и да се вакцинираат оти како што додава вакцините се безбедени, а на тој начин се бориме против сезонскиот грип.
Лаура Стојанова М-Нет