
Околу 20 кучиња скитници се заловени во првите два месеци од оваа година, во три досега спроведени акции. Операторот, односно ветернинарната фирма од Куманово по барања на граѓаните и општината делува на терен, однонсо се заловуваат кучињата скитници, во централното градско подрачје но и во останатите населени места. Во месец декември лани биле заловени шест кучиња, во јануари во две спорведени акции биле заловени шест односно седум кучиња, и уште дополнителни шест на 20 месецов.
„Оваа година исто како и претходната година, фирмата која заловува е истата од Куманово. Можам да кажам дека месечно тие заловуваат согласно динамиката на пријавување. Во последните три месеци, декември, јануари и февруари заловени се околу 25 кучиња. Потоа се третираат и повторно се враќаат на местото од каде што биле заловени.“ – вели Везенков.
Загрижува фактот што се уште има граѓани кои ги оставаат своите домашни миленичиња на улица и тие потоа се кучиња скитници. Од овде стои и апелот сопствениците соодветно да се грижат за своите домашни миленичиња и да не ги оставаат на улица.
„Информации дека граѓани кои чуваат домашни миленичиња и потоа ги оставаат и истите стануваа кучиња скитници. Упатуваме апел доколку земат да чуваат домашно милениче да не го оставаат на улица“ – вели Везенков.
Општина Штип има склучено договор со ветернинарна станица од Куманово за заловување на кучињата скитници. Договорот е со траење од две години и истиот завршува во октомври годинава.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет