Околу 1.000 саксии со цвеќиња се поставуваат покрај реката Отиња во централниот дел на Штип

Околу 1.000 саксии со цвеќиња се поставуваат на заштитната ограда, покрај реката Отиња во централниот дел на Штип, во рамки на проектот за разубавување на градската средина. Проектот го спроведува Јавното претпријатие „Исар“, со цел да се подобри естетскиот изглед на урбаното подрачје и да се создаде пријатна атмосфера за граѓаните и посетителите на градот.

Саксиите, кои содржат неколку видови есенски цвеќиња, се поставени во најфреквентните делови на централните улици.

За да се осигури правилното одржување на цвеќињата, секоја саксија дополнително е опремена со капка систем за наводнување. Овој автоматизиран систем ќе овозможи редовно и ефективно снабдување на растенијата со вода, што ќе ги одржи во одлична состојба без потреба од честото рачно наводнување. Со ваквиот новитет, цвеќињата ќе допринесат, градот Штип да биде уште поубав во текот на есента.

Дополнително, она на што се работи е и уредувањето на градот во пресрет на манифестацијата Штипска Пастрмајлијада 2025.

Иван Митев, М-Нет