ОИК: Четири избирачки места со нови локации за овие локални избори во Штип

Од општинската изборна комисија се обратија до избирачите преку медиумите за да ги информираат дека за претстојните локални избори што треба да се одржат четири избирачки места се со нови локации за да се испочитуваат медицинските протоколи и мерки за заштита од корона вирусот.

Ве повикав овде за да ги информираме гласачите дека има некои промени околу избирачките места станува збор за четири за спроведување на медицинските мерки и протоколи и обезбедување поголеми простории за да се овозможи растојание од два метри меѓу гласачите

Оваа промена е затоа што е потребно поголеми простории за да може да се овозможи она оптимално растојание од два метри кое што се препорачува од страна на комисијата за заразни болести.