Договорите со детските градинки во Штип, остануваат исти и во време на пандемија

Први на удар на пандемијата која не зафати пред околу 10 месеци беа градинките и училишните установи. Најпрво овие установи беа затворени со одлука на владата за спречување на ширење на корона вирусот. Грижата за децата, како и нивното воспитание и образование се најважни за развојот на детето во зрела личност. Градинките беа отворени, но грижата на родителите остана преголема, за да не ги пуштаат истите во градинки. Државата ги ослободи родителите од плаќање материјални трошоци, од месец април до месец август, а од месец септември се плаќа по 521 ден. Ако детето е запишано но не ја посетува установата. Во дојава од граѓани за нашата телевизија, дознавме дека после третиот месец, ако детето не ви се појави во градинка се бара да се плати сума од 1490ден. Како да било присутно постојано. Ги контактиравме двете најголеми детски градинки во Општина Штип. Директорката на детската градинка „Атибо“, Билјана Трајчевска, ни кажа дека доколку детето не ја посетува градинката плаќа материјални трошоци од 521ден. без притоа да потпишуваат договор кој би важел само три месеци. Поинаква е сликата во градинката „Вера Циривири Трена“ Штип, од која ни кажаа дека после поминати 3 месеци во кои детето не се појавува во градинка договорот се прекинува, со што детето се отпишува од градинка, или треба да дојде до повторно склучување на договор, и нова цена од 1490 ден. Договорите кои ги потпишуваат граѓаните, се договори кои важат во нормали услови. Но, која е логиката, истите договори да важат и за време на пандемија. Бројот на дечиња кои се згрижени во детските градинки е 15, за деца од 2 до 6 години. Различни слики добивме од две различни градинки во Општина Штип, иста е само цената која оди на грбот на граѓаните.

Лаура Стојанова М-Нет