Одобрена општинската обврзница за Штип од Комисијата за хартии од вредност

Oпштинската обврзница за Штип повторно пред Влада. Откако Комисијата за хартии од вредност даде одобрение за обврзницата, сега постапката ќе може да започне само со Одлуката на Владата, со која се одобрува максималниот износ на новото задолжување на издавачот.

„КХВ донесе Решение со кое на Општина Штип и даде одобрение да издаде прва емисија на 8.000 општински обврзници со поединечна номинална вредност од 500 евра и вкупна номинална вредност од 4.000.000 евра по пат на јавна понуда. Првата исплата на главницата и на каматата ќе започне по истекот на 12 месеци и ќе се исплати во седум еднакви годишни рати од датумот на регистрирање на обврзниците во ЦДХВ. Општинските обврзници се со фиксна годишна каматна стапка во износ од 4,75%. Емисијата на општински обврзници на Општина Штип се врши заради прибирање на средства за финансирање на Проектот:„Заеднички активности за локален економски развој“. Понудата се смета за успешна доколку се запишат и уплатат најмалку 60% од понудените обврзници.“ – велат од КХВ.

КХВ ја одобри оваа емисија и тоа по вторпат, откако Општина Штип двапати доби согласност од Министерството за финансии за нејзино задолжување. Втората шанса на општинската обврзница е пред Влада откако првиот пат истата не ја одобри.

Ребека Спасова М-Нет