
По вчерашното одложено судење за случајот АД Баргала, од ОК на ВМРО ДПМНЕ излегоа со реакција тврдејќи дека пролонгирањето ќе ја спаси истата од стечај, а со тоа и Градоначалникот Николов од негативни поени.
„За жал очекувањата се исполнуваат. Баргала нема да отиде така лесно во стечај, пролонгирањето на стечајната постапка очигледно ќе го спаси акционерското друштво од предизборни скандали и негативни контото на градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов. Меѓутоа како е можно за компанијата која исплаќаше плата далеку под минималецот или како што велат работниците еднаш два, а друг пат шестотини денари веќе да се шпекулира дека ќе добие пари за да ги изплати долговите. Дали се вистина гласините дека токму Вице Заев стои позади овој предизборен спас на фамилијарната фирма на градоначалникот“ – истакнаа од ВМРО ДПМНЕ.
Ваквите реакции Градоначалникот ги означи како безидејни, а истовремено посочи дека локалната самоуправа нема ингеренции во овој случај.
„Предстечајна постапка е една состојба, стечајна постапка е друга постапка. Колку што сум во тек АД Баргала се наоѓа во пред стечајна постапка. Тоа што зборуваат дека градоначлникот работи за спас на АД Баргала ќе ви кажам дека во последните година ипол не знам колку пати УЈП има влезено како инспекција, напишано напомени дали се тоа казни во форма на предлози за работа, Трудов инспекторат континуирано работи што значи Законите во времето на СДСМ работат за добродет на сите граѓани“ – додаде Николов.
Тој додаде дека во текот на овие четири години не постоел случај политичките партии да се мешаат во работата на законодавното судство.
Лаура Стојанова М-Нет