
Комисијата за натпревари одлучи петте одложени средби од 15. коло во Втората лига, наместо на 14 февруари 2026, да се одиграат овој викенд – на 6 и 7 декември 2025 година. Проценето е дека терените се во доволно добра состојба за регуларна игра, а еден меч ќе биде на 12 декември.
Поради лошиот терен во Виница, мечот меѓу Слога Виница и Охрид е преместен на стадионот „Билјанини Извори“ и ќе се игра на 7 декември од 13:00 часот.
Распоред за 15. коло:
6 декември, 13:00 ч.:
Кожуф – Вардар Неготино (Гевгелија)
Осогово – Новаци (Кочани)
7 декември, 13:00 ч.:
Големо Коњари – Тетекс (Големо Коњари)
Слога Виница – Охрид („Билјанини Извори“)
12 декември, 13:00 ч.:
Детонит Плачковица – Скопје (Радовиш)
Оваа одлука спречува дополнително згуснување на пролетниот календар и овозможува колото да се одигра целосно.
Александар Ванев, М-Нет