Одложените кошаркарски натпревари добија нови датуми за одигрување

Одложените кошаркарки натпревари од Првата и Втората кошаркарска лига поради големата трагедија во Кочани, добија нови датуми за одигрување.

Во Првата лига ќе биде доиграно 20. коло, каде Вардар утре ќе игра против Тиквеш, а пак Работнички против Куманово во меч кој е закажан за среда. Претходно, од оваа рунда беа одиграни четири натпревар. Шампионот МЗТ Скопје го доби ТФТ со 74:68, Чаир дома беше поразен од Пелистер со 64:69, Шкупи забележа победа над Гостивар од 90:79, а пак Феникс загуби дома од Кожув со 72:80.

Од 18. коло на Втората кошаркарска лига беа одиграни два од шест мечеви. Кошаркарите на Соколи од Штип со 80:53 беа убедливи против Струимца, а пак Бутел забележа висока победа од 73:56 над Борец.

Вечерва екипата на Водно Санс ќе игра со фаворитот Маџари, утре Црн Дрим ќе игра со Мега Баскет, а пак во среда Работички 2018 против Охрид, а пак вториот тим на МЗТ Скопје со фаворитот Ангели.

Во рамки на 12. коло на Првата А женска кошаркарска лига ќе се одигра и мега дербито меѓу лидерот и шампион Баскет Кам и второпласираната Крива Паланка, екипа која има меч помалку во однос на екипата од Крива Паланка. Мечот е закажан за вечерва. Претходно, од оваа рунда беа одиграни два наптревари. Бадел беше убедлив против Пробаскет со 72:59, а пак МЗТ Скопје загуби од Вардар со превисоки 60:94.

Од Првата Б женска лига Шкупи вечерва ќе игра со Спорт Тим од Неготино, а претходно беше одигран еден меч каде Струга со 70:43 го декласираше тимот на Риниа Баскет.

Александар Ванев, М-Нет