Македонија утре против Велс во Скопје, продадени над 18.000 билети, приходот од истите ќе биде дониран за настраданите во Кочани!

ФОТО: М Нет телевизија

Македонија утре на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го одигра вториот квалификациски натпревар за Светкото првенство 2026 против Велс.

Нашата репрезентација со победа од 0:3 против Лихтенштајн во Вадуц ги отвори квалификациите, а утре ќе бараме победа и против Велс, но овој меч сигурно ќе биде потежок во однос на претходниот.

Приходот од билетите ќе биде дониран за настраданите во големата трагедија во Кочани, а веќе се продадени над 18.000 билети за утрешниот натпрева. Македонската фудбалска јавност со чувство за солидарност и хуманост ќе ја бодри македонската репрезентација, во меч кој ќе започне во 20:45 часот.

Велс квалификациите ги започна со победа од 3:1 над Казахстан на домашен терен, а пак Белгија беше слободна во првото коло, а првиот меч ќе го игра на 6. јуни во Скопје против Македонија.

Колку за потсетување Македонија е во група со Велс, Белгија, Казахстан и Лихтенштајн.

Александар Ванев, М-Нет