Одлична забава, вкусни пастрмајлии, позитивни вибрации, посетителите задоволни од почетокот на пастрамалијадата

Одлична забава, позитивни вибрации и задоволни граѓани, вчеравечер започна 16. издание на манифестацијата Штипска Пастрмалијада. Добро избрана музика, многу забава и дружба пред се е она што граѓаните го издвоија по првата вечер од настанот.

„Солидно, почеток е. Традиционално, стандардно си држи еден рејтинг и мислам дека е со тенденција да биде уште подобра.“ – велат граѓаните.

И помладите кои вчеравечер времето го минуваа на локацијата избрана за спроведување на Пастрмалијадата задоволни од програмата. Дополнително велат и пастрамајлиите ги задоволувале поставените критериуми.

Кога станува збор за пастрамајлиите тие се најдобри во Штип, велат анкетираните за М-Нет телевизија. Посочуваат дека и вечерва се очекува добра забава, и многу изедени вкусни пастрмајлии.

Гости освен од Штип имаше од регионот, од државата, но и надвор од неа. Посетителите велат прераснува во традиција за пастрамалијадата да бидат во Шитп.

„Сега сум вторпат на Пастрмалијадата и во план сум да продолжам да доаѓам и наредните години. Ја пробав пастрамлијата, студена е ама вкусна е“

Штипската пастрмалијада продолжува и вечерва, а главна ѕвезда на вечерта е Петар Грашо.

Лаура Стојанова, М-Нет