
Одличен почеток на сезната на штипските пингпонгари, пораз за младите фудбалски надежи на Македонија, викендот се игра 6. коло од Првата кошаркарска лига, а пак осмо коло од Првата ракометна лига.
По седум одиграни кола во Првата пингпонг лига на Македонија во машка конкуренција штипски Шампион ФА е на третото место со 12 бодови, а пред нив е струмички Астраион со ист број на бодови, а пак лидер е Младост 96 од Прилеп со максимални 14 бододови.
Во женска конкуренција штипски Шампион ФА има две победи од два натпревари со четири бодови е на првото место, а пак по два бодови имаат Берово и Крива Паланка со по еден одигран натпревар и Младост и Младост 96 со по два одиграни натпревари. Екипата на Рисови се откажа од натпреварување.
Утре ќе биде отворено 6. коло од Првата кошаркарска лига на Македонија со мечот меѓу Пелистер и Феникс, во петок Шкупи ќе игра против Тиквеш, Чаир домаќин на Вардар. Кожув ќе игра против новајлијата Куманво.
В сабота шампионот МЗТ Скопје ќе игра против Гостивар, а колото ќе се затвори во недела со дербито меѓу Работнички и лидерот ТФТ.
Македонската фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години денес одигра натпревар против Србија во Скопје, каде беше поразена со резултат од 1:3 на пријателски натпревар.
Денес со натпреварот меѓу Аеродром и Еурофарм Пелистер 2 ќе се отвори 8. коло во Првата ракометна лига. Утре ланскиот суперлигаш Вардар Неготино ќе игра против Партизан, додек пак останатите натпревари ќе се играат в сабота.
Кичево на домашен терен ќе игра против Мулти Есенс, дерби на колото меѓу ланскиот суперлига Скопје и Драчево, Преспа Вардар против Младост од Богданци, Астраион во Струмица ќе го пречека Овче Поле, а пак Шампион ќе ја предизвикува Македонија ЃП. Екипата на штипски Текстилец во рамки на оваа коло ќе биде слободна.
Александар Ванев, М-Нет