СОУ“Коле Нехтенин,, се трансформира во регионален центар, целта е подобро образование во државата во корист на младите

СОУ Коле Нехтенин во Штип се трансформира во регионален центар за средно стручно образование и ќе претставува едно од осумте регионални центри во источниот регион. Министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешната посета во училиштето истакна дека ваквиот исчекор е со цел подобро образование во нашата држава во корист на младите, кое е адаптирано на потребите на пазарот на трудот.

“Училиштето Коле Нехтенин се трансформира во регионален центар за средно стручно образование и обука и ќе претставува едно од осумте можни училишта регионални центри во источниопт регион. Досега имаме отворено повеќе такви, тоа е шесто. Многу наскоро очекуваме да го отвориме и седмиот регионален центар и ќе остане до крај на 2028 година да го отвориме и осмиот регионален центар за средно стручно образѐование и обука. Со градоначалникот и директорката ќе направиме уште еден исчекор кон подобро образование во нашата држава во корист на младите луѓе, адаптирано на потребите на пазарот на труд. Порцесот ќе трае три години.Во тој процес ќе се подобри инфраструктурата за учениците и наставниците. Секако ќе се определат и струките кои се најнеопходни за овој регион. Кога ќе биде тоа завршено Штип ќе ставе вистински регионален центар на образование и ќе го добие заслуженото место во источниот регион.“, истакна Јаневска

Дека ваквата одлука е од големо значење за развојот на образованието согласен е и градоначалникот Иван Јорданов, кој истакна дека ваквите новитети ќе создадат развој во регионот.

“Заеднички одлучивме еве со поддршка на министерството зас образование и наука да се донесе оваа одлука, која што е од суштинско значење за развојот на образованието и не само во Штип, туку и во целиот регион и во насока на прилагодување на потребите на пазарот на трудот, имајќи во предвид дека во ова училиште како и до сега со предвидените мерки и сето она што“ додава Јорданов

Училиштето успешно работи на развој на воспитно образовниот процес, а тоа го покажува големиот број на запишаните ученици од оваа година, изјави директорката Шалева, додавајќи дека во иднина училиштето ќе набавува многу опрема и ќе се изврши реконструкција на објекти кои што не се во функција.

“Работевме на развој на воспитно образовниот процес. Тоа ни покажа дека сме успеале големиот број на запишани ученици оваа година, а во иднина ќе значи набавка на многу опрема, реконструкција голем дел од оние објекти што во овој момент не се во функција и ќе очекуваме зголемување на бројот на ученици уште повеќе.”, истакна Шалева

Со предвидените мерки и сето она што го предвидува регионалниот центар ќе се овозможи кадар кои што ќе биде компетентен на пазарот на труд, создавајќи развој во регионот и општина Штип.

Лаура Стојанова, М-Нет