Одличен настап во Севиља на Дарио Ивановски, кој повторно го урна македонскиот рекорд во маратон!

Историски ден за македонската атлетика, Дарио Ивановски само што финишираше на маратонот во Севиља со неверојатно време од 2:08.25, а тоа значи и подобрување на Националниот рекорд за цели 3 и пол минути.

Но, уште еден голем успех за Ивановски е тоа што овој фантастичен резултат го доближи на само 15 секунди од Олимписката норма од 2:08.10. Со овој резултат Ивановски ќе се искачи високо на светската ранкинг листа со што би требало да значи и обезбедено место за олимпискиот маратон во Париз.

Инаку, досегашниот македонски рекорд кој Ивановски го постави на 3. декември минатата година во шпанска Валенсија изнесуваше 2:11.53.

Колку за потсетување Летните олимписки игри во Париз, Франција ќе се одржат во период од 26. јули до 11. август 2024 година.

Александар Ванев, М-Нет