
Оделот за неонатологија при Клиничка болница Штип доби неколку важни витални апарати со кои ќе се подобри работата на овој оддел, истакна утринава на прес директорот на болницата, доктор Ален Георгијев.
„Набавивме загревач на бебиња, пациент монитор, ЕКГ, билирубиномер со што се заштитуваат бебињата од боцкање и овие денови очекуваме и последниот апарат да пристигне кој што е во склоп на овој цел пакет на апаратура за неонатологија“ – кажа Георгијев.
Претходно овој оддел доби два нови инкубатори, а за месец дена се очекува да пристигне и новото амбулантско возило пежо. Со ова Клиничка болница Штип продолжува да биде центар во кој здравјето на пациентите е ставено на прво место. Истовремено со сега достапниот број на нонатолози е овозможена 24 часвна грижа на новородечињата.
Целокупната опрема е во вредност од милион и 600 илјади денари средства обезбедени од Буџетот на болницата.
Лаура Стојанова М-Нет