Денешниот пазарен ден оценет како скап и од купувачите и од продавачите

Прв петок од месец Ноември и прв пазар во Општина Штип. Меѓутоа цените на производите солени, па и дел од купувачите и продавачите согласни дека пазарот е скап. Убавото сончево време овозможи поголема раздвиженост во градскиот пазар, производство има, но побарувачката е намалена велат продавачите.

„Прашат и бегаат, вика немам пари. Според нас е џабе, дека се трошоците, наводнување, ѓубре. Ланската година беше 600 денари ѓубрето сега е 1000 денари, а исто вреќичка од 25 кг.“

„Цената на јаболката е од 15 – 30 денари зависи од квалитетот. Производство има доволно, а пробарувачката е намалена“

Купувачите велат дека мора да се пазарува и покрај тоа што цените на дел од производите се високи.

„Многу скапо. Искрено да ти кажам јас секој петок доаѓам од Свети Николе, меѓутоа пазарите спрема ситуацијата во Македонија се прескапи“

Отворена е и сезоната на јабонското јаболко и калинката, меѓутоа продавачите велат дека се уште се бараат производи за туршија и праз. За сега нема најава за дополнително покачување на цената на производите пласирани на пазарот.

Лаура Стојанова М-Нет