Одбојкарските Кадетски шампиони на УГД Штип на прием кај градоначалникот Сашко Николов

Кадетите на УГД Штип кој на плеј – оф разигрувањето во Струмица го освоија првото место во Македонија и шампионскиот пехар, денес беа на прием кај градоначалникот на Oпштина Штип, Сашко Николов. Честитајќи им на освоената титула градоначалникот се осврна на добрата тимска работа на целиот стручен штаб на чело со тренерот Ванче Санев и неговите помошници Кристијан Ристевски и Љупче Зенделов како и секретарот Методи Папаров, работа која им ја донесе оваа втора шампионска титула. Колку за потсетување истата оваа млада екипа минатата сезона беше шампион на Македонија во Пионерска конкуренција.

За разлика од минатото денес условите за работа се значително подобрени што резултира со дoбра игра на играчите и со жнеењето на вредните трофеи.

Како знак за благодарност на успешната соработка и неизмерната помош, раководството на клубот додели медалја на градоначалникот Сашко Николов и на општина Штип како траен белег за овој убав постигнат спортски успех.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk