
Младост УГД од Штип ја остварија третата победа во Првата женска одбојкарска лига, откако во рамки на 7. коло запиша сигурна победа над Вардар ЕМ на домашен терен со 3:0 во сетови.
Првиот сет заврши со резултат од 25:17 за штипскиот тим, а во вториот сет Вардар ЕМ се обиде да направи притисок за израмнување во сетовите, но штипјани не дозволија изненадувања, па со тоа истиот го добија со резултат од 25:21.
Во третиот сет со идентичен резултат Младост УГД го освои сетот за 3:0 во сетови, со резултат од 25:19.
Струмица на домашен терен претрпе нов пораз откако со 0:3 во сетови загуби од екипата на Јанта Волеј КВ, а пак Наковски Волеј со 0:3 го доби тимот на Фит Фан Волеј.
Домашна победа и тоа убедлива победа славеа одбојкарките на Работнички со 3:0 во сетови над Ускана Волеј од Кичево.
Во однос на табелата Јанта Волеј КВ е прв со 20 бодови, Работнички е втор со 17 бодови, колку што има Наковски Волеј кој е трет. На 4. место е Фит Фан Волеј со 11 бодови, сите останати екипи немаат едноцифрен број на бодови. Штипски Младост УГД има девет бодови и се наоѓа на 5. место, Вардар ЕМ е шестти со пет бодови, Струмица е претпоследен со три бодови, а на дното е Ускана Волеј со два бодови.
Во однос на 6. коло во Втората одбојкарска лига во женска конкуренција многу понеизвесни натпревари во однос кај дамитево прволигашката конкуренција.
Универзитет Тетово беше поразен со 0:3 од Фламинго Волеј, Форца Волеј Ема и Куманово одиграа интересен и неизвесен меч со пет сета за 3:2.
Пелистер Волеј дома загуби од Газели Волеј со 1:3, Вардар 2019 и Јанта Волеј Бут одиграа меч со пет сета за 3:2, а пак Бами Кор беше подобар од Македонија Макс со 3:0.
Во однос на табелата Бами Кор, Пелистер Волеј и Газели Волеј имаат по 15 бодови, на дното Универзитет Тетово и Македонија Макс без бодови.
Александар Ванев, М-Нет