
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски го загуби финалето од квалификациите на Челинџер турнирот Роверето 100 во Италија.
Македонскиот тенисер загуби од Богдан Павел, откако романскиот тенисер беше подобар со 2-0 во сетови за 75 минути игра.
Романецот подобро го овтвори натпреварот кој првиот сет го доби со 6:2 во гемови. Во вториот сет одново романскиот тенисер беше подобар откако дојде до 2:0 во гемови, а потоа Ивановски направи пресврт со одлична игра на 2:5 во генови. Сепак, тоа не беше доволно Богдан Павел дојде до 5:5, а потоа направи уште еден брејк и вториот сет го доби со 7:5 во гемови.
Ивановски за пласманот во финалето од квалификации на овој турнир освои два поени.
Следен настап Ивановски ќе има на Челинџер 100 турнир кој ќе игра во португалскиот град Маја, веќе следната недела.
Александар Ванев, М-Нет