Одбојкарите на Штип УГД есенски шампиони во Првата лига

Одбојкарите на Штип УГД со одлични резултати ја завршија 2025 година како есенски шампион во Првата одбојкарска лига. Зад македонскиот вицешампион и актуелен освојувач на Купот на Македонија е успешна есенска полусезона, но генерално и цела 2025 година.

Штипјани со десет победи и еден пораз од шампионот Струмица се наоѓа на врвот со 31 бод на своето конто, а пак Струмица е втора со 27 бодови. Штипјани оваа сезона целат кон двојната круна, односно одбрана на Куп титулата и освојување на шампионската титула.

Покрај тоа што Штип УГД е есенски шампион, тимот од градот под Исарот покрај тоа што по вторпат ја освои Куп титулата за првпат излезе и на европската сцена, а на своето европско деби ја забележа и првата победа откако во реваншот со убедлив резултат го елиминираше норвешкиот Кол Ил и обезбеди следна фаза од Челинџ Купот, а во втората фаза пред штипјани е тежок предизвик против италијанскиот гигант Алијанц Милано откако македонскиот вицешампион загуби на првиот меч во Радовиш.

Следува пауза, анализа на резултатите, на играта и екипирање за пролетниот дел.

Александар Ванев, М-Нет