
Потпишан меморандум за соработка меѓу УГД Штип и Фискалниот совет. Целта на денешниот настан е да се доближат практичните и реални проблеми кон студентите со што ќе се приближат кон ново ниво на знаење. Како што истакна ректорот, Дејан Мираковски, се отвора нова перспектива и за студентите и за професорите.
Меморандумот за соработка ќе помогне и во дело на магистерски и докторски тези, но и на студентите повеќе да бидат вклучени во пракса, а не само теорија.
„За подготовка на разни истражувања, анализи, а и во делот на магистерски и докторски тези да создаваме поширока теза во науката за независно и утврдување на состојбите“ – вели Беџети.
„Конкретно за Економскиот факултет и студентите е огромна прилика да ги воочат незвисните прилики на централната банка и фискалниот совет.“ – Гогова Самоников.
Фискалниот совет има потпишано меморандум за соработка со Македонската академија на науки и уметности, со Економски факултет при УКИМ, со Универзитетот на Југоисточна Европа и денеска со УГД Штип.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет