
По повод неделата на детето, денес ОУ “Гоце Делчев” од приградската населба Три чешми, реализираше настан, на кој учество зедоа учениците од истиоменото училиште. Директорот на училиштето, Зоран Митев, за М-нет телевизија истака дека ваквиот настан е со цел децата се запознаат со своите права, но и со нивите обврски кои што треба да ги исполнуваат како во училиштето, така и надвор од него.
Покрај денешниот настан, Митев посочи дека тие како училиште ќе имаат низа настан по повод неделата на детето, со цел децата дополнително се едуцираат и запознаат со нивните однесувања.
Професорката по македонски јазик во самото училиште Весна Јованова изјави дека децата се иднината во државата и светот, а тие како професорите треба треба да вложуваат.
Со одбележувањето на светската неделата посветена на детето, ваквите настани се со цел да се воздигнат правата на децата, како и да се наклонат кон воспитно образовен правец, преку кој тие ќе градат светла иднина.