Од јануари асистенти ќе добијат и учениците од средните училишта

Од јануари 2025 година, министерството за образование и наука ќе обезбеди асистенти и за средните училишта, што до сега тоа го немаше во државата. Со ваквиот новитет асистентите ќе го следат ученикот во целиот негов образовен процес, освен ако не престане потребата поради било какви причини, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска и додава дека овој процес ќе се решава системски.

„Големата новина е во тоа што обезбедуваме асистенти и за средно училиште, што до сега го немаш и третото што е важно е дека аситентите ќе го следат ученикот во целиот негов образовен процес, освен ако не престане потребата за асистенет и истиот одлучи да се исклучи од овој процес или на силно инсистирање на родителите, кои сметаат дека нивното дете може да имаат поголем успех со друг асистенет. Некогаш е неопходно и промена, но целиот овој процес ќе го решиме системски.“, итакна Јаневска

Законот ќе биде ставен во јавна расправа, но тоа бидејќи ќе биде наскоро, сите ќе можат да го видат и да реагираат на некакви забелешки.

“Законот многу скоро ќе биде ставен на јавна расправа, но има процедура. Треба да помине на влада, треба да заврши јавната расправа , да се поднесе во собрание, но бидејќи многу скоро ќе биде ставен на јавна рсправа , сите ќе можат да го видат и ќе можат да реагираат на некакви членови ако имаат некакви забелешки. Јануари 2025 најрано може да има асистенти и во средните училишта.“, додава Јаневска

Инаку, веќе од денеска 10 септември, министерката истакна дека асистенти ќе имаат учениците од основните образованија, а со новитетот за предлогот за асистенти и во средните училишта ќе се овозможи поголема одговорност и грижа за истите.

Лаура Стојанова, М-Нет