
Штипските пензионери денес заминаа на републичкиот спортски натпревар во Скопје, откако во месец мај тие ги освоиа деветте први места на регионалниот натпревар, а ова е нова надеж дека и овде победата е неизбежна, со што тие ќе се здобијат со епитетот прваци, истакна претседателот на здружението на пезниоери Штип, Ристе Нетков, за М-нет телевизија.
“Денес 10 септември спортистите на пензионери Штип заминаа на републички спортски игри во Скопје со освоени први места девет на регионалните такмичења кој се одржаа во месец мај. Се надеваме дека и овде ќе го постигнат успехот, кој го постигнаа во регионот и ќе бидат како и минатата година прваци во полето на спортот.“, истакна Нетков
Пензионерите ќе се натпреваруваат во девет спортски дисциплини како трчање, скок од место, кошарка, играње домино, табла и слично, а ова е нов мотив за ти да бидат прваци и на септемврискиот спортски натпревар.
„Ќе се претставиме со девет спортски дисциплини и тоа трчање, скок од место, фрлање на кош и други дисциплини, оние што се одржуваат во сала како играње на домино и табла.“, додава Нетков
Со ова такмичење се завршуваат спортските настани на пензионерите за 2024 година, а меѓувреме се активираат културните настани. Пензионерите во моментот ги вршат последните проби за претставување на македонската култура на меѓународниот фолклорен фестивал во Р.Бугарија.