
Од утре започнува вакцинацијата против сезонски грип. Согласно податоците од Комисијата за заразни болести досега се пријавени околу 30 илајди граѓани, а вакцинација ќе се врши на сите пунктови во државата или на 40 локации. На располагање има 60 илјади дози вакцини. На терен во Штип дел од повозрасните граѓани велат дека веќе се пријавиле и согласно терминот кој го добиле ќе се вакцинираат против сезонски грип.
Од друга страна дел од граѓаните велат нема да се вакцинираат, туку себе си зимскиот период
ќе се заштитат на друг начин од грип и настинка.
Според Комисијата за заразни болести најголем интерес има кај хронично болни и постари и изнемоштени лица.
Инаклу од утре бесплатно ќесе вакцинираат граѓаните од ризичните групи како стари лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до 5 години како и лица сместени во во установи засопцијална заштита на стари лица. Од МЗ додаваат дека вакцинацита против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип која спречува појава на потешки форми компликации и смртен исход посебно кај ризичните групи.
Лаура Стојанова М-Нет