Ќе добијат ли и карбинските пензионери бесплатен градски превоз секој петок?

Ќе добијат ли и карбинските пензионерите бесплатен градски превоз секој петок. Пензионерите во Штип два петока по ред користат бесплатен градски линиски превоз. Оваа одлука ја воведе ЈП Стипион, па пазарниот ден во Штип пенизонерите се возат бесплатно. Дали ваква пракса ќе се воведе и во соседната Општина Карбинци прашавме во ЈП Стипион. Директорот Панче Стефановски вели дека разговорите се во тек и ќе се одлучува дополнително.

„Во моментот сме во комуникација со Општина Карбинци, тоа треба да биде производ на соработка меѓу општините. Разговараме за различни можности, ги разгледуваме и ќе излеземе со конкретни информации“ – вели Стефановски.

Дека разговорите се во тек потврди и градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов. Во телефонски разговор за М-Нет телевизија истакна дека линиите ќе се прошират, а се разгледува можноста за бесплатен превоз за карбинските пензионери секој петок.

„Веќе во комуникација со ЈП Стипион разговараме на повеќе теми и во идниот период ќе донесеме одлуки пред се за проширување на релациите кои се на територија на Општина Карбинци. Се уште неофицијално во разговори сме за неколку нови линии, а тоа се селата Козјак, Аргулица, Долни Балван, а разговараме и за бесплатен превоз за пензионерите во петок.“ – вели Паунов.

Градскиот линиски превоз се движи меѓуопштински од Штип до Карбинци однонсо до селото Радање. Потреба од линиски превоз се јави и во останатите наслени места на теритроија на Карбинци, за што Паунов посочи дека ако е достапно можноста ќе биде разгледана.

Лаура Стојанова М-Нет