Од среда без полициски час, свадби со максимум илјада гости предложи Комисијата за Заразни болести

Комисијата за заразни болести со нова предлог мерка за дополнително олабавување на рестрикциите во државата, согласно намалениот број на новозаразени пациенти од ковид 19, како и намалениот број на починати лица.

Се предлага полициски час воопшто да нема и можност да се организираат концерти и забави во лакалите само на отворено со капацитет до максимум 50 % од објектот и не повеќе од илјада лица.

Новите предлог мерки доколку се прифатат на Владина седница би требало да започна со важење од среда 16 јуни.

Инаку, со последните ограничувања кои беа на сила до 15 јуни полицискиот час започнуваше од полноќ до 4 часот наутро, а капацитетот за организирање свадби и веселби беше до максимум 100 гости на отворено.

Од Министерството за здравство велат дека епидемиолошката состојба е стабилна и дозоволува олабавување на мерките.

Лаура Стојанова М-Нет