
Од понеделник граѓаните на Штип ќе користат нов телефонски број – 144-888 – за плаќање паркинг преку СМС, објави Јавното претпријатие „Стипион 2011“. Промената доаѓа со цел модернизација и дигитализација на паркинг-системот во општината.
Новиот систем вклучува дигитална мапа за управување со јавниот паркинг простор и носи бројни бенефити за граѓаните како:
Плаќање со платежни картички
Автоматско продолжување на времето за паркирање
Дигитална паркинг-картичка
Плаќање казни директно преку апликација
Повик на отстранувач на блокатор со еден клик
Историја на сите плаќања и казни
Поддршка за повеќе возила
Информации за паркинг-правила во повеќе градови
Автоматско испраќање на СМС со внесени податоци
Известувања за истек на паркинг, казни и сл.
Оваа реформа е насочена кон поедноставување на услугите и зголемување на транспарентноста, велат од ЈП „Стипион“, и додаваат дека крајната цел е современ, лесен и ефикасен паркинг-систем за сите граѓани.
Иван Митев, М-Нет