Од понеделник започнува вториот уписен рок во Средното музичко училиште “Сергеј Михајлов” Штип

Од понеделник започнува вториот уписен рок во Средното музичко училиште “Сергеј Михајлов” Штип. Директорот на училиштето Илија Ќосевски, посочи дека вториот уписен рок нуди зголемени можности за учениците, со намалени критериуми за бодови, кои се поставени на 50, во однос на првиот рок. Истакна дека На 1 јули ќе биде извршена само доставата на потребната документација, додека на 2 јули ќе се одржи премниот испит за кандидатите.

,,Вториот уписен рок почнува на 30 јуни со електронското пријавување преку Е УСЛУГИ и нивните скулс меилови. Можат да се најават и пријават во нашето училиште. Во вториот уписен рок бодовите се намалени на 50. На први јули е само доставување на документите, а на 2 јули премниот испит. Имаме слободни места 21 во музичар изведувач и 30 во музичар теоретичар. Ги повикувам сите оние кои што не се одлучиле да се зпаишат во средно музичко, да го направат тоа.“, рече Ќосевски

Првиот уписен рок поминал без проблеми истакна Ќосевски, додавајќи дека се запишале над 17 ученика.

Инаку, како што истакна директорот Ќосевски, приемниот испит за кандидатите ќе биде во два дела. Првиот дел е писемн дел кои се состои од музички прашања, додека во усниот е одредувањето на нивната талентираност и музичка способност.

Иван Митев, М-Нет