
Археолошкиот локалитет Баргала се наоѓа на оддалеченост од околу 18 километри од Штип. Тој е археолошки локалитет кој датира од четврти век и е од големо историско значење. Водичот во Завод и музеј Штип, Симона Велкова посочи дека годинава преку проектот од страна на Завод и музеј за заштита на споменици Штип во соработка со Општина Карбинци финансиран e прокетот од агенцијата за рурален развој со цел проектот да биде целосно осветлен и ограден.
„Археолошкиот локалитет Баргала е еден од најстарите градови на Република Макеоднија кој што датира од четвртиот век. Се наоѓа на 18 километри одалеченост од Штип. Во моментот односно ова година имавме проекти и од страна на НУ„Завод и музеј за заштита на спомениците“ Штип во соработка со Општина Карбинци финансиран од агенцијата за рурален развој истиот беше и ограден и осветлен, тоа е најновото во целиот локалитет.“ – изјави Велкова
Посоетите на локалитетот Баргала се најчести за време на викендите од страна на граѓаните, а од месец септември посетите континуирано се зголемуваат од страна на учениците од основните и средните училишта.
„Имаме доста посети најчесто за време на викендите и сега веќе во месец септември со посети од страна на основните и средните училиштата, но и посети од страна на граѓаните.“ – додава Велкова
Анкетираните граѓани за М-Нет телевизија велат дека не го посетуваат толку често локалитетот. Но децидни дека секоја работа која што е направена е во корист на граѓаните, но повеќето работи треба целосно да бидат завршени, бидејќи многу работи се започнати, а немаат финална фаза додаваат граѓаните.
„Не не не сум бил многу одамна. Тоа си има посебни служби си има што мислат за локалитето и тоа е. Се едно нешто кое се посреде се е убаво, ама не е направено, не е средено, едно почнат не завршат, чепнат а не завршат политички е се, пари нема друго трето тоа е, догодин ќе почнеме, панема да почнеме. Не сум отишла натам затоа што не можам. Од таа гледна точка ќе биде убаво мислам дека треба да се уреде просторо иако не сум отишла там.“ – изјавиа граѓаните
Многу често се слуша изреката дека во Македонија „Каде и да копнеш со лопата, ќе најдеш некој артефакт“. Особено во последните неколку децении се наоѓаат нови археолошки наоѓалишта, особено при изградба на крупни инфраструктурни проекти.
Лаура Стојанова, М-Нет