
Од 365 дена, 300 во Штип се секогаш ветровити. Со ваквата изрека граѓаните сведочат за честите ветрови кои секогаш се активни во градот под Исарот. Велат дека покрај што се чести, тие знаат да носат се пред себе, па затоа ги именуваат како арогантни. Со своето сеќавање пред камерите на М-нет разкажуваа дека некогаш ветровите биле уште посилни и пострашни, ги кршеле дрвјата, бандерите, многу повеќе од сега.
Анкетираните велат дека ваквата ситуација покрај за пешаците, може да биде опасна и за автомобилите, бидејќи како што велат дрвата се потребни за здравата и чиста природа, но истите можат да направат и несакани последици.
Инаку градот Штип е познат по чистиот воздух, имајќи во предвид дека овде постојано е акривен самиот ветер. Во народот многу често се создале изреки и поговорки за него, па затоа тој покрај останатите работи, останува да биде претпознатлив и по ваквата појава.
Лаура Стојанова, М-Нет