Од 150 овци Павле од кочанско Тркање денеска има само 40, цената на млекото незадоволителна

И покрај фактот дека цената на млекото и млечните производи во маркетите и продавниците расте секојдневно, сточарите велат кај нив ситуацијата е критична. Млекарите го откупуваат млектот по цена од 22 до 23 денари за литар, а на пазарот едвај се продава по цена од 50 денари,. Сирење и млечни производи прават само за сопствена употреба, бидејќи пласман на пазрот нема, а по нив нема ниту кој веќе да работи и да произведува.

„На млекото цената е многу слаба, прехраната е скапа, житото, ама цената на млектото е многу ниска. Сирење правеме за нас, за јадење за дома, инаку за пазар не, нема ни каде да се продаде, нема пласман.“ – вели Станишков.

Пред четири години Павле Станишков, од кочанско Тркање чувал околу 150 грла кози, но денеска оставил само 40. Ова според него се должи на фактот дека се останато во земјата е веќе со покачена цена, а млектото е со незадоволителна.

„Имаме околу 40 кози, ама не се исплаќа ќе морам да ги продадам. Не даваат ниту цена за млекото, ниту субвенции даваат, ништо нема. Млекарата доаѓаат земат го 22 – 23 денари, а 20 денари е килограм жито. И на пазарот не бива, тражеш му 50 денари, никој не купува.

Чичко Павле вели веќе ретко некој чува кози или крави во село Тркање, кочанско. И оние кои имаат ги чуваат за своја употреба односно да поризведат млеко или сирење и со тоа да не се приморани да го платат по енормно висока цена во маркетите и продвниците.

Лаура Стојанова М-Нет