
Синоќа беа одиграни два натпревари од 16. коло на Втората футсал лига кои беа одложени поради трагедијата во Кочани.
Екипата на Овче Поле на домашен терен забележа висок триумф од 8:2 над Победа од Прилеп, во меч на тотална доминација на тимот од Свети Николе.
Висока победа однесе и Каршиака на домашен терен го декласираше тимот на Конзули од Битола со резултат од 11:1.
Ова коло ќе се комплетира вечерва со мечот меѓу Карадаку и Кораб од Дебар.
Минатиот викен колото беше отоврено со три натпревари, каде Балкан со 6:2 го доби лидерот Мал Ајакс од Штип, Кратово со 8:0 го декласриаеш Партизан Југ од Брвеница во меч кој се играше во Пробиштип, а пак СЕЕ Универисити го доби убедливи тимот на ССК Скопје со 10:4.
Во однос на табелата Мал Ајакс од Штип е прв со 39 бодови, на делба на второто место се Овче Поле и Балкан со по 34 бодови. Колку за потсетување првите две места директно водат кон Прва лига.
Александар Ванев, М-Нет