
Објеван е повикот за доделување на европска награда од страна на Европската комисија, за образование. Може да аплицираат и физички лица, но и приватни универзитети како и Универзитетот Гоце Делчев од Штип. Станува збор за повик преку кој се работи на инклузија на Ромите во образованието.
„Повикот ќе трае до 28 февруари по белгиско време, апликациите се доставуваат електронски. Она што е важно за самата апликација бидејќи ова е шеста година, оваа година е област образование. Има широк спектар каде можат да аплицираат и физички лица“ – вели Адемов.
За двете награди ќе се борат 14 преставници, од секоја земја по двајца. Адемов дециден дека со посетата на Брисел на денот на доделување на наградите ќе има можност преставниците да се дружат, да разменат мислења, идеи и да научат повеќе.
„Ќе бидат доделени две награди. Првата награда е во висина од осум илјади евра, додека втората награда изнесува пет илјади евра. Ќе има вкупно 14 преставници од секоја земја по двајца, кои ќе бидат поканети на студиска посета во Брисел каде ќе има свечено доделување на таквите награди. Со тоа ќе може да се придонесе за инклузијата на Ромите во образованието во сите земји“ – вели Адемов.
Инклузија на образованието кај Ромите е од големо значење и тема на која се работи доста. Целта е да се подигне степенот на образование кај Ромите со цел и тие да бидат поконкурентни на пазарот на трудот и полесно да можат да се вработат.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет