
Секој трети маж над 60 годишна возраст има простата, а секој втори маж над 80 годишна возраст карционом на простата. Колку мажите се грижат за сопственото здравје и колку често посетуваат лекари ги прашавме штипјани на терен. Поголем дел од анкетираните граѓаните велат дека се грижат за сопственото здравје, одат редовно на контрола. Помал дел од нив велат дека лекар не посетиле одамна, бидејќи затоа немале потреба.
Дека расте здравствената свест кај мажите потврдува и доктор Димитар Кожухаров. Вели радува фактот што проблемите со простата кај мажите не остануваат табу тема за која не се разговара, туку граѓаните посетуваат доктор и бараат лек за своите проблеми.
„Подигната е здравствената свест кај мажите, за разлика од претходно сега сѐ почесто се јавуваат на преглед. По 50. година добро е мажите да направат скрининг тест со туморски маркери за да се открие дали станува збор за бенигна или малигна простата и да се започне со процес на лекување. Бидејќи веќе над 50. година процентот на мажи кои имаат проблеми со простата е голем, апелирам до граѓаните во Штип, но и регионот да не го занемаруваат своето здравје, редовно да прават контроли и со тоа да го продолжат својот живот“ – вели Кожухаров.
Месец ноември е месец на машко здравје, кој во Македонија се одбележува повеќе од една деценија. Преку симболот за мустаќи и брада се подига свеста кај граѓаните, да водат поголема крижа за сопственото здравје.
Лаура Стојанова М-Нет