Предвреме платен долг на ЈП „Исар“ кон Министерството за финасии – гарант за ликвидност на општината

Предвреме платен долг од 25 милиони денари од страна на Општина Штип и ЈП „Исар“ кон Министерството за финансии со цел позитивно мислење за ликвидноста на Општината. Градоначалникот, Иван Јорданов, истакна дека со оваа постапка полесно е да се издаде обврзницата и да се продолжи со испалаќање на долгот кон Министерството, но и вложување во капитални инвестиции на територија на Штип.

„Во изминатите неколку денови сервисиравме предвреме долг во висина од 25 милиони денари за да практично добиеме една позитивна оцена од страна на Министерството за финансии за ликвидност на Општината, за позитивно буџетирање, менаџирање за да може практично полесно да ја издадеме обврзницата, која ќе значи изградба и изведба на капитални инвестиции во иднина за која цел се и издава оваа обврзница. Целта на оваа Локална власт е не само да ги враќа долговите кои биле наталожени од минатото, туку практично со нови финансирања да изградиме нови проекти“ – истакна Јорданов.

Дополнително, Јорданов додаде дека досега во време од една година откако Штип има нова Локална власт, исплатени се еден милион евра, за првпат долгот се сервисира на месечно ниво и уверува дека до крајот на мандатот овој долг ќе биде во целост исплатен.

„Неколкупати до сега во јавноста имаме истакнато дека ЈП Исар отплаќа на месечно ниво долг кој не бил сервисиран со години и кој ние како нова Локална власт за првпат зедовме обврска на месечно ниво да го враќаме. Досега Општина Штип како гарант и ЈП „Исар“ на Министерството за финансии во оваа измината година вративме вкупен износ од еден милион евра, што за нас да бидам искрен во енергетска криза и во фаза на реализација на капитални проетки е еден подвиг кој ќе продолжи и во понатамошниот период, затоа и најавивме дека до крајот на овој мандат во целост ќе го вратиме кредитот кој бил подигнат пред 20 и повеќе години и никој не го сервисирал“ – кажа Јорданов.

Долгот на ЈП „Исар“ кон Министерството за финансии се провлекува со години, камата растеше со што го надмина основниот долг. Минатата година поради неплаќање на ратите од кредитот под знак прашалник се стави и ликвидноста на Претпријатието, а со тоа и на Општината бидејќи сметките можеа да бида блокирани.

Лаура Стојанова М-Нет