Новоизградената катна гаража во Штип повторно тема за препирки меѓу власта и опозцијата

Новата катна гаража која се изгради во Штип и понатаму тема за препирки меѓу власта и опозицијата. Од ОО на СДСМ Штип на прес конференција упатија низа прашања до градоначалникот Јорданов, поврзани со изградбата на самата катна гаража.

„Градоначалниче Јорданов, дали денеска е во функција платформата за која сечевте ленти, снимавте филмови и која на шверцерски начин ја изградивте. Само по 30 дена ви пропадна во секоја смисла на зборот и докажавте дека работите фушерајски. Два – три пати асфалтирате, исто толку редите бекатон плочки. Пет милиони денари на граѓаните ги фрливте во бунар“ – велат од СДСМ.

Наместо да поставуваат парања да одговорат зошто изминатиот период не сработија ништо, врати градоначалникот Јорданов.

„Ако може да забележите во изминатите период СДСМ излегува на прес конференции и обвинува зошто во Штип се работи. Јас ги прашувам зошто тие не сработија ништо десега. Со оглед на фактот дека се на централна власт ги прашувам зошто не работат во делот на централната власт“ – врати Јорданов.

Првата катна гаража во Штип се стави во функција пред неполн месец, а во тек е изградбата и на втората катна гаража.

Лаура Стојанова М-Нет