Новогодишни пакети со храна се подготвуваат за најстарите и потешко подвижни пензионери во Штип

Новогодишни пакети со храна ќе подготват и ќе им ги достават пензионерите-волонтери од Штип до најстарите и потешко подвижните членови. Повеќето од нив со месеци не можат да присуствуваат во пензионерските клубови, па волонтерките од понеделник ќе ги посетат во нивните домови. Со себе ќе носат скромни празнични подароци – прехранбени и санитарни производи, токму она што овие луѓе најмногу го користат и им е најпотребно. Акцијата, како што нагласува претседателот Ристе Нетков, има една цел – ниту еден пензионер да не биде заборавен за Нова година

,,Нашите волонтерки, пензионерки веќе од понеделни ќе почнат со посета на нашите членови кои што се од поодамни години и потешко престојуваат во нашите клубови. Ќе се оди во посета на нивните домови со носење на скромни новогдишни подароци. Па претежно тоа се пакети со прехрана и санитарни средства од областа на потребите на пензионерите. Така да секој добива.“, рече Нетков

Како што посочи Нетков, во моментот пензионерите се подготуваат и за нвогодишни прослави во своите здруженија, на кои што ќе има гости и од страна

,,Бидејќи ние сме поголем број преку 10 .000 членови ние самостојно се организираме, така да сите здруженија си организираат свои прослави. Каниме и гости од други здруженија,

Инаку, целта како што велат од здружението е да се даде почит кон секој еден член пензионер и да се овозможи позитивна и новгодишна атмосфера и кај повозрасните. Очекувањата се дека и оваа година достојно и пензионерите ќе ја испратат старата 25 и ќе ја дочекат новата 2026 година.

Иван Митев, М-Нет