Новогодишна приредба на дечињата од подрачното училиште „Тошо Арсов“ во Штип

Со рецитал, игра и песна дечињата од подрачното училиште „Тошо Арсов“ во Штип организираа предновогодишна забава. На ваков начин ги честитаат престојните празници, со желби за уште подобра, побериќетна и посреќна нова 2026 година. На самата приредба учество зедоа сите ученици од прво до девето одделение, а присутни во училиштето беа и родителите.

„Во духот на новогодишната магија и радост нашето училиште денеска подготви приредба во која учествуваат сите ученици од прво до деветто одделение. Преку песна, игра и драмски изведби тие ќе ни ја пренесат пораката на пријателство, толеранција, различности, испраќајки ја старата година и дочекувајќи ја новата. Оваа наша приредба е доказ дека училиштето не е само место за стекнување на знаење туку и простор во кој се негуваат вредностите“ – вели Костадинова.

Насмевки, аплаузи, среќни дечиња, горди родители и наставници беше денешната слика во основното училиште Тошо Арсов во Штип. Пред Нова Година и Божиќ сите со исти желби за многу посреќна и поуспешна 2026 година.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет