
Екипата на Пчиња е нов член на Третата македонска фудбалска лига – Север, откако минатата сезона беше шампион во Општинската фудбалска лига во Куманово или Четвртата лига, а потоа во баражот преку пенал рулетот славеше над Студеничани на теренот во Кадино, со што Пчиња се пласираше во Третата македонска фудбалска лига – Север.
Екипата денес ќе го има првиот собир со што ќе биде означен старт на подготовките за новата сезона, во која клубот првично влегува со цел за сигурен и директен опстанок во Трета лига – Север.
Според информациите на телевизија М Нет во следниот период во Пчиња ќе бидат промовирани засилувања со цел да бидат исполнети целите на екипата за новата сезона.
Како што дознава телевизија М Нет во тек е реконструкција на стадинот во Пчиња со цел да може овој стадион да ги исполнува условите за одигрување на домашните натпревари.
Пчиња веќе одигра и еден пријателски натпревар против третолигашот Превалец кој минатата сезона заврши на второто место во Трета лига – Југ, а на овој меч Пчиња беше убедлива со 1:5.
Покрај Пчиња, нови екипи во Трета лига – Север се Њу Старс и Ржаничино.
Александар Ванев, М-Нет