Новиот медицински факултет во Штип ќе биде со најсовремени училници и нови амфитeaтри

Медицинскиот факултет кој ќе се гради кај КБ Штип ќе биде со најсовремени училници за изучување на медицинските науки, нови амфитеатри и сите потребни услови за потребите на студентите. Како што посочи рекоторот Дејан Мираковски, ова е од голмо значење пред сѐ бидејќи ќе се подобри квалитетот на образование на самите студенти.

„Некаде околу пет илјади метри квадратни треба да биде зградата на факултетот. Нашите барања беа да биде опремена со најсовремени училници за изучување посебно на медицинските науки бидејќи тоа е намената. Планираме да вклучииме дигитални ситеми. Ќе има училници нови, нови амфитеатри, јас верувам дека тоа ќе го промени целосно нивото на квалитет на образование.“ – вели Мираковски.

Дополнително ќе се гради и студентскиот дом со 200 легла, сите потребни капацитети, паркинг простор. Во моментот се работи на допроектирање со цел да се добие еден поврзан, добро уреден и корисен простор кој ќе се користи во иднина.

„Основата информација е дека ќе има 200 легла, ќе ги има сите потребни капацитети, за комфор на студентите.“ – додава Мираковски.

Инаку, согласно последните инофромации од Влада со британскиот договор во прва фаза е предвидено да се доизгради новата Клиничка болница во Штип, да се изгради медицинскиот факултет како и студентскиот дом.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет