Нови реформи за појак образовен систем и светла иднина на младите

Министерката за образование, Јаневска, најави големи промени во образованието. Новите закони и програми ќе донесат повеќе практична работа за студентите, со цел да бидат подобро подготвени за реалниот свет. Таа нагласи дека, иако за 10 месеци не може да се постигне се, во следната година се очекува значително подобрување. Целта е да се запре одливот на млади таленти и да се создадат подобри услови за нив да останат и да работат тука

,,Подготвуваме нов закон, нови модерни програми кои што ќе ги заинтересираат нашите студенти. Предвидуваме многу повеќе практична работа во јавните институции. Ги правиме сите напори и јас како и вообичаено што ќе кажам и тоа е реалноста, дека за 10 месеци толку се може. Следната година се надевам дека ќе биде многу подобро и дека тој одлив на наши мозоци кои одат во странство, ќе го сведеме на минимум.“, рече Јаневска

Во тек се и анализите за квотите за запишување, рече Јаневска и додава дека во моменот се разгледува и се подготвува конкрусот со секторот на образование.

Со најавените реформи, Јаневска уверува дека Македонија има потенцијал да ги задржи младите таленти и да создаде услови за нивно растење тука, а не во странство.

Иван Митев, М-Нет