
Со замена на старите со нови детски реквизити и план за осветлување на кејот на река Отиња започна реконструкцијата на детското игралиште кое се наоѓа во близина на полициската зграда во Штип. Од денеска се отстрануваат старите и дотраени детски реквизити, а во наредниот период ова место ќе биде уредено по најнови, модерни стандарди со детски реквизити кои за првпат ќе се постават во Штип. Јорданов во денешната прилика истакна дека ова како едно од најубавите места во градот ќе може да го користат сите генерации.
„Во наредните неколку денови и недели ќе извршиме замена со нови модерни најсовремени детски реквизити кои ќе ги користат дечињата од околните згради, од околнкте наслби. Планираме целосно осветлување на паркот Кртеке, но и хортикултурно уредување на кејот на река Отиња, но и целосно осветлување на истиот кеј. Ова е во насока да се подобри ова место кое дефинитивно е едно од најубавите места во нашиот град“ – вели Јорданов.
Во меѓувреме посочи дека во наредниот период ќе биде отворена и кино салата, па овој дел од градот добива лик кој го заслужува. Јорданов апелираше и до граѓани, по поставувањето на детските реквизити да ги чуваат истите за да може подолго време да се користат.

„Во непосредна близина ќе биде и кино салата која за неколку дена ќе биде пуштена со првите проекции на филмови, ако се додаде дека во близина се наоѓа ЗОО паркот Бриони, ова е одлично место за сите генерации да го минуваат своето слободно време.“ додава Јорданов.
Половина милион денари се одвоени за детските реквизити, пари од граѓаните однонсо одвоени од Буџетот на Општина Штип. Во периодот кој следи ќе се работи и на останати проекти на теритроија на Штип.
Лаура Стојанова М-Нет