
Распишан огласот за запишување на студенти за прв циклус студии на УГД Штип во учебната 2023 / 24 година. Роковите за пријавување во прв уписен рок се од 21 до 24 август, втор уписен рок 6 и 7 септември и трет уписен рок 18 и 19 септември. Во меѓувреме студентите може он лајн да се пријават.
„Согласно планот имаме слободни 2236 места за редовни студенти, некаде околу 900 места за студенти со кофинансирање, 770 за вонредни студенти. Имаме неколку новитети, вклучени се нови програми на англиски јазик, компјутерско инженерство на англиски јазик.
И оваа година како и претходно дел од студентите со одличен просек од средно образование ќе бидат осободени од плаќање партиципација во прва година. Најголем број партиципации ќе има на факултетот за медицински науки, а најмалки на ликовна и филмска академија.
„Морам да споменам дека и оваа година обезбедуваме партиципација, однонсо ги ослободувме од плаќање студентите од прва година согласно успехот од средно образование. За медицински науки ослободуваме вкупно 40 кандидати, земјоделски, факултет за природни и технички науки, економски, правен и факултет за туризам и бизнис логистика по 20 студенти, електро – технички, машински, техночошки, технички по 10, на факултетот по информатика 30 и на факултетот по образовани науки, музичка академија по 10 студенти и 5 студенти на ликовна и филмска академија.“ – додава Мираковски.
Во моментот на УГД студираат 7000 активни студенти од кои околу 400 до 500 се активни странски студенти и уште толку кои имаат подготвителна настава на македонски јазик.
Лаура Стојанова М-Нет