Нови 24 кревети доби Детското одделени при КБ Штип – донација од Чешката Република

Нови 24 механички болнички кревети доби Детското одделение при Клиничка болница Штип. Станува збор за донација од Чешка, а со ова се подобруваат условите за лекување на децата, но и подобри услови и за родителите. Министерот за здравство Меџити во посета на штипската болница истакна дека со ваквата донација се подобруваат условите за работа на ова одделение.

„Ова е значаен придонес кој во голема мера ќе го подобри квалитетот на грижата за нашите најмали. Донацијата на овие механички кревети и душеци ќе обезбеди удобно и безбедно згрижување на нашите млади пациенти, да се опорават и заздрават побрзо од нивните болести и повреди“ – вели Меџити.

Соработката меѓи Македонија и Чешката Република продолжува и во иднина, потенцираше Амбасадорот на Чешка.

„Чешката Република и Македонија се отсекогаш во пријателски врски во добри и лоши времиња. Почнувајќи од ковид кризата, енергетската криза сме заедно, а се надевам наскоро ќе се надмине и Украинско Руската војна. Ние сме овде да помогнеме и да ја поддржеме Македонија и македонскиот народ. Еден од начините да помогнеме е со донација на 24 болнички кревети на Детското одделение“ – вели Лудва.

Подобар престој на децата, но и на нивните родители е главниот приоритет на болницата, посочи директорот Георгијев. Токму затоа се направени сите напори за реконструкција и подобрување на условите на Детското одделение.

„Овие кревети заедно со оние работи кои ние како раковоство претходно ги направивме, реконструкција на детското одделение, на тоалетите ќе придонесеме за подобар престој за подигање на квалитетот на Детското одделение при КБ Штип“ – додаде директорот.

Прествници од фирмите кои се дел од донацијата истакнаа дека вакавите донации ќе продолжат и во иднина и на секако начин ќе се помогне за подобри услови за пациентите во болницита.

Детското одделение при Клиничка болница Штип во изминатиот период беше реконструирано, а доби и нов апарат за потребите на пациентите.

Лаура Стојанова М-Нет