Новаци службено го доби мечот со Македонија ЃП!

Второлигашот Новаци службено го доби натпреварот со ланскиот прволигаш Македонија ЃП, натпреварот од вонредното 4. коло на Втората лига, со што овој меч кој заврши без победник 1:1, се регистрира со службени 3:0 за Новаци, а со тоа ланскиот прволигаш го губи бодот кој го освои со Новаци.

Согласно одлуката на Комисијата на натпреварите на ФФМ образложението за ваквата одлука е следно.

„Комисијата за натпревари на ФФМ при разгледување на материјалот, записникот, делегатски извештај и изјава на главен сдуија на натпреварот констатира: За време на натпреварот, поточно во 90-та минута гостинскат екипа на ФК Македонија ЃП 1932 извршила измена при што од игра го извадила фудбалерот (младинец) Славков Алексеј, а во игра го внела фудбалерот со број 21 Вецески Кристија. При оваа измена гостинската екипа ФК Македонија ЃП го прекршила член 20 б став 1 од Пропозициите на Вторат аМФЛ кој гласи: Сите клубови учесници во Втората лига, натпреварот мора да го започнат и завршат со 2 (два) домашни фудбалери, кои немаат навршено 21 година.“

Согласно тоа сега Македонија ЃП е на 4. место со десет бодови, а Кожуф е трет со 11 бодови, додека пак Новаци сега е на седмото место на табелата со девет бодови на своето конто.