Новата сезона во Прва лига ќе започне порано, со четирикружен систем и повеќе натпревари

Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе започне порано од вообичаено кога стартуваше во месец август, така новата сезона 2026/2027 ќе стартува официјално на 25 јули.

На денешната прес-конференција претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ истакна дека шампионотот ќе започне порано, а ќе се игра во нов систем односно четирикружен систем и со тоа ќе има повеќе натпревари, односно новата сезона ќе се игра во 36 кола со десет екипи.

„Имавме тешко првенство бидејќи ова беше година на реформи намалување на двете лиги. За жал испаднаа клубови со традиција меѓутоа тука не ја гледам вината воопшто на федерацијата треба да си ја побараат вината во своите редови, бидејќи тие клубови не мислам дека нека беа оштетени со судиска грешка или неправда. Организациски одлично. Сега почнува нов систем на натпревари каде ќе се игра со четирикружен систем, затоа денеска објавивме и дека порано почнува првенство бидејќи имаме 36 кола, а во минатото имавме 33. Кога ќе ги додаде и репрезентативните паузи имаме навистина комплексно првенство што треба да се организира. Сите реформи се спроведоа на време во рекорден рок, имплементација на ВАР, промоција на нови судии има доста нови имиња судиски што судеа. Мислам дека квалитетот на натпреварите беше на едно повисоко ниво од минатото првенство“, рече Омерагиќ.

Во новата сезона ќе се натпреваруваат Брегалница, Вардар, Шкендија, Струга, Силекс, Тиквеш, Арсими, Башкими, Шкендија Арачиново и Скопје.

Александар Ванев, М-Нет