Нова цена на лебот, нов удар врз џебот на граѓаните, државата велат тоне во сиромаштија

Новата цена на лебот нов удар врз џебот на граѓаните. Дел од штипјани кои од утринава купиле леб велат покачена е за 3 до 5 денари, друг дел велат цената сѐ уште не е покачена, ама страв влева и самиот факт дека таа ќе оди во нагорна линија. Заклучкот на акетрианите штипјани е дека државата се повеќе тоне во сиромаштија, тешко е да се преживее, едвај се врзува крај со крај. Но, не само цената на лебот, во нагорна линија одат цените и на останатиите производи, горивата, струјата. За граѓаните секој удар тежи двојно повеќе од претходниот.

„Сиромаштијата е сѐ поголема и поголема, не само лебо сѐ вртоглаво се качува и веќе има граѓани кои не можат да го издржат тоа. Тешко, но ќе мора да се прилагодуваме, важно народот нема пари.

Дел од сопствениците на штипските пекари сѐ уште ја немаат променето цената на лебот, но истата ќе се покачи. Николче Малинов во телефонски разговор за М-Нет телевизија истакна дека нивниот леб ќе се покачи за два денари од 15 август. Ова се должи на покачување на цените на другите производи.

Освен цената на лебот, пораснаа цените на дел од основните производи за живот, цените на горивата се меунваат преку ноќ, цената на дрвата за греење е во најава за пораст, пелетите се продваат двојно поскапо, а нова цена доби и електричната енергија.

Лаура Стојанова М-Нет