
Нова спортска повеќенаменска сала ќе добие Општина Карбинци во следниот период, најави денес градоначалникот Паунов. Во својата изјава денес тој потенцираше дека проектот за изградба на салата, кој ќе биде независен од училиштето, е веќе во подготовка и наскоро ќе започне со реализацијата. Проектот ќе им овозможи на жителите на општината да имаат современ простор за активности кои до сега не биле достапни во оваа средина. Салата ќе биде на располагање за сите потреби на заедницата и се очекува да биде важен чекор кон подобрување на квалитетот на животот на граѓаните на Карбинци.
,,Она што во блиска иднина ќе следи и е важен податок за жителите на општината е дека во Карбинци се работи на нов проект, кој што ќе биде една изградба на една нова спортска повеќе наменска сала, независна од училиштето. Ќе биде на користење за сеопфатна употреба на граѓаните и тоа во едно блиско идно време ќе биде предмет кој што ќе го разговараме, односно ќе започнеме со реализацијата.“, рече Паунов
Паунов истакна дека општината е пред потпишување и на договороите од проектите од владата, кои што беа најавени во изминатиот период. Неговите очекувања се дека за месец и пол ќе може да се каже дека и тие ќе започнат со градежни активности.
Инаку, проектот за новата спортска повеќенаменска сала ќе обезбеди соодветни услови за спорт и други активности за жителите на Карбинци. Се очекува подобрување на инфраструктурата и квалитетот на животот во општината.
Иван Митев, М-Нет