Во тек се активностите за реконструкција на дел од спортската сала во ОУ,,Страшо Пинџур“ во Општина Карбинци

Во тек се активностите за реконструкција на спортската сала во ОУ,,Страшо Пинџур“ во Општина Карбинци. Според најавите на градоначалникот Виктор Паунов, планирана е обнова на подот и плафонот, како и поставување на нов епоксиден под, кој ќе го усогласи објектот со современите стандарди за вакви простории. Овој проект е дел од програмата на Министерството за образование и наука, каде што Карбинци е една од општините што ќе биде опфатена со реконструкција на училишни објекти. Работите се очекува да започнат во следните денови, а завршувањето на проектот се планира за септември, кога учениците ќе добијат нова, модернизирана сала за настава и спорт.

,,Во тек е тендерската постапка за избор на изведувач за реконструкција на делот од спортската сала, односно училишната сала овде во централното училиште Страшо Пинџур Карбинци. Она што ќе се работи во следниот период е реконструкција на подот, ќе има едно модернизирање на епоксиден под, според критериумите на еден ваков објект, како што е оваа училишна сала и реконструкција на плафонот, односно дел поткровната конструкција, кој што го офака овој проект. Овој проект е во рамките на 15 проекти од страна на министерството за обраование и наука, кој што ги финансираат дирекно од буџетот на владата и Карбинци ќе биде една од општините, кои што ќе биде опфатена со ваков проект. Она што е важно е дека во следниот период ќе започнат овие градежни активности, а од септември учениците да имаат можност да користат нова, модернизирана сала.“, рече Паунов

Буџетот за целата реконструкција, изнесува околу 1,5 милиони денари, финансии обезбедени од државата и МОН рече Паунов. Како што истакна тој, очекувањата се дека работите ќе се одвиваат без потешкотии.

Градоначалникот Паунов, дополнително информираше дека се во тек и постапките за неколку улици во Општината. Ќе се реконструираат и град пет нови улици, во с. Аргулица, во Таринци и една во с. Горни Балван. Активностите според Паунов ќе започнат најдозна за 15 сетина дена.

Иван Митев, М-Нет